Суспензија за полицајците од Рочестер кои го задушија Афроамериканецот Даниел Пруд

Фото: whnt.com

Суспендирани се седуммината полицајци кои учествувале во задушувањето на Афроамериканецот Даниел Пруд, кој почина на 30 март оваа година, соопшти градоначалничката на Рочестер, Лавли Ворен.

Даниел Пруд почина седум дена откако полициски службеници во Њујорк му ставиле качулка на главата и лицето му го притиснале на тротоарот, оневозможувајќи му да дише. Неговата смрт го привлече вниманието на јавноста дури пред два дена, кога неговото семејство одржа прес-конференција и прикажа полициски снимки и извештаи.

Градоначалничката на Рочестер на вчерашната прес-конференција, покрај соопштената одлука за суспензија, истакна дека во случајот потфрлиле администрацијата, системот и општеството.

– Даниел Пруд го изневери нашата полиција, нашиот систем за грижа за менталното здравје, нашето општество, јас го изневерив, изјави Ворен пред новинарите.

Таа истакна дека употребата на сила станала очигледна дури на 4 август и дека дотогаш случајот се водел како предозирање со дрога.

Семејството на Пруд побара полицајците да бидат уапсени. Неговата смрт се случи два месеца пред смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, што предизвика меѓународни протести против расизмот и полициската бруталност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот