Сурова изјава на холивудската глумица: Ги сакам сите три сина, ама еден ми е миленик – Слободен печат
ЕспресоШоу биз

Сурова изјава на холивудската глумица: Ги сакам сите три сина, ама еден ми е миленик

Баш е тажно, напишала една мајка.

Глумицата Џејми Присли е мајка на три деца, 12-годишниот син Дез и едногодишните близнаци Лео и Ленон.

Токму за најстариот син Дез изјавила дека со него има посебна поврзаност, која никој не може да ја достигне.

„Најубавото време го поминувам со мојот омилен син. Така е, го кажав тоа. Имам омилен син иако ги сакам сите три сина со целото мое битие. Дез и јас имаме специјална поврзаност, која никој не може да ја достигне бидејќи ние двајца расневме заедно, напишала Џејми на Инстаграм.

Обожавателите поради ваквата изјава ја нарекле сурова и неправедна мајка.

„Кутрите два помали сина, којзнае како се чувствуваат. Мајка ми секогаш имаше фаворит, но тоа никогаш не го кажа и мило ми е поради тоа. Баш е тажно“, напишала една мајка во коментар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close