Суперболот плоден терен за конфронтацијата на „малиот Мајки“ и „патолошкиот лажго“

Фото: Профимедиа

Синоќа, пред почетокот на Супербол 54, најголемиот спортски настан во САД, во интервју за телевизијата, Трамп се потсмеваше на сметка на Блумберг за неговата висина.

Од штабот на Мајкл Блумберг синоќа изјавија дека претседателот Доналд Трамп е „патолошки лажго“, откако Трамп неколку часа претходно во интервју за „Фокс њус“, го нарече Блумберг „малиот Мајки“ и се потсмеваше за неговата висина.

Синоќа, пред почетокот на Супербол 54, најголемиот спортски настан во САД, во интервју за телевизијата, Трамп се потсмеваше на сметка на Блумберг за неговата висина.

– Знаете, него му треба гајба за да стои на дебатите, изјави Трамп во интервјуто за националната „Фокс њус“. И додаде: „Зошто треба да биде привилегиран со тоа. Дали сите останати треба да добијат гајба“?

Водителката на ова одговори дека „ако сакаат, треба да испреговараат гајба“.

Од штабот на Блумберг возвратија два часа подоцна.

-Претседателот лаже. Тој е патолошки лажго и лаже за се: за неговата коса, за неговата дебелина, и за неговата исончана кожа со спреј – изјавија оттаму.

Трамп по се изгледа во Блумберг гледа сериозен противник, чиј рејтинг пред партиските избори во Ајова порасна драстично, и неодамна започна критики во негов стил, давајќи му прекар „малиот Мајки“.

Трамп е висок 190 сантиметри, додека висината на Блумбер е 172 см.

Инаку, за време на Супербол, Блумберг и Трамп за политичко рекламирање потрошија по 11 милиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот