Супер освежителни: Почестете се со вкусен сок или коктел од лубеница

лубеница
Фото: Pexels/Unsplash

За време на летниот период нема ништо поубаво од здрав и освежителен сок или коктел. Ви носиме два рецепти за пијалоци од лубеница кои лесно се подготвуваат и ќе ве освежат на топол летен ден.

Рецепт за сок од лубеница

Потребни состојки:
– 2 чаши исечена лубеница
– сок и кора од половина лимета
– 20 ливчиња босилек
– малку хималајска сол
– 4 чаши вода

Подготовка:
Наредете ги сите состојки на слоеви во стаклен сад, почнувајќи од лубеницата, а потоа додадете вода. Оставете да отстои во фрижидер 3 до 24 часа пред послужување. Откако ќе го изблендирате и процедите, овој фин напиток може да стои во фрижидер два дена.

Коктел од лубеница

Измешајте малку пенливо вино со сок од лубеница, малку лимета и свежи листови нане. Послужете во чаши за мартини и украсени со бобинки кои сте ги избоделе на чачкалки. Ако немате пенливо вино, додадете вотка или некој друг омилен алкохолен пијалок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот