СУПЕР МЕСИ: Хет-трик и две мајстории од слободен удар! (ВИДЕО)

фото:твитер

Барселона повторно се врати на врвот во најсилниот шпански шампионатот, откако вечерва на домашен терен на својот „Камп Ноу“ убедливо со 4:1 триумфираше над Селта Виго.

Каталонците поведоа во 23. минута од пенал со погодокот на Меси кој имаше нова фантастична партија во дресот на Барса.

Гостите израмнија преку Олаза со еден прекрасен погодок од слободен удар во 42. минута, но тоа како да го налути Меси кој секако е вистински мајстор за реализација од далечина.

Тоа најпрвин го направи непосредно пред паузата, како и на стартот од вториот дел кога кога го комплетираше својот хет-трик.

Конечниот епилог беше поставен во 85. минута од средбата, Бускетс искористи една одбиена топка и истата ја испрати во мрежата на Бланко.

Ла Лига, 13. коло

Сабота, резултати –

Алавес – Ваљадолид 3:0
Валенсија – Гранада 2:0
Еибар – Реал Мадрид 0:4
Барселона – Селта 4:1

Табела:

1.Барселона 25 бодови
2.Реал Мадрид 25
3.Реал Сосиедад 23
4.Атлетико Мадрид 21
5.Севиља 21
6.Гранада 20

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот