Сунак ги повика ториевците да не креваат паника околу договорот со ЕУ

Риши Сунак/ Фото EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Премиерот Риши Сунак ги повика своите пратеници да не создаваат „уште една Вестминстерска драма“, во време кога тој се обидува да ја добие нивната поддршка за новиот договор за Брегзит.

Тој им порача на ториевците да и дадат „време и простор“ на Демократската унионистичка партија (ДУП) да го разгледа договорот, пренесува „Би-Би-Си“.

Договорот со ЕУ има за цел да ги реши проблемите со трговските аранжмани за Северна Ирска по Брегзит. Поддршката на ДУП ќе биде клучна за обновување на владата за поделба на власта во Северна Ирска.

Вчера Сунак се обрати до влијателниот комитет на ториевците за да го претстави договорот. По состанокот, министерот за Северна Ирска, Стив Бејкер, им рече на новинарите дека договорот е „добар колку што ќе го постигнеме“, што укажува дека владата нема повторно да ги отвори преговорите со ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот