Сулејман од ЗНМ: Го осудуваме говорот на омраза против колешката Мирослава Брнс, јас тие портали не би ги нарекол медиуми

Вчера бевме ужаснати од насловите и текстовите кои беа објавени против колешката Мирослава. Апсолутно го осудуваме сексистичкиот говор, говорот на омраза, кој што за жал во некои медиуми се објавува. Јас тие медиуми и портали не би ги нарекол ни медиуми. Кога доаѓа сето ова од страна на политичари и гледачи е една работа, но пострашно е кога доаѓа од колеги, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Дениз Сулејман од ЗНМ околу сексистичките напади врз колешката од Слободен печат, Мирослава Брнс.

Синдикатите да станат ефикасни со зајакнување на новинарските здруженија и медиуми.

– Целта на основање и работата на Регионалната Платформа е создавање на поволна правна и социјална средина за медиумскиот плурализам преку зајакнувањето на новинарските здруженија и медиумите, синдикатите да станат ефикасни, одговорни и независни актери при застапување на слободата на медиумите и стандардите на ЕУ, како и правата на граѓаните на информирање и на различни информации од различни извори, изјави Сулејман.

Целта на Регионалната Платформа е размена на искуства и знаења меѓу новинарските здруженија.

-Новинарските здруженија исто така планираат да се воспостави систем за рано предупредување и превенција (СРПП) како регионален механизам за застапување на слободата на изразување и интеграција на медиумските стандарди за слободата на ЕУ, како и за спречување на разни форми на насилство врз новинарите и злоупотреби на слободата на изразување. Истовремено ќе има активности за воведување на методологијата за континуирано следење на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите, како и јавна достапност на информации за случаите на грубо кршење на професионалните и човековите права на новинарите, уредниците и другите медиумски професионалци. Специфична цел на Регионалната Платформа е размена на знаења, искуства и информации помеѓу 6-те новинарски здруженија, медиуми и синдикати кои што во своите заедници се признати како активни и одговорни бранители на новинарските права и кои сега можат да инвестираат дел од своите капацитети за да одговорат на регионалните потреби и предизвици на медиумската заедница на Западен Балкан, рече Сулејман.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот