Сугарески ги повикува француските компании да инвестираат во земјата

Mинистерот за транспорт и врски  Горан Сугарески, оствари работна средба со амбасадорот на Франција во Република Северна Македонија, Кристијан Тимоние и претставници од Агенцијата за развој на Франција.
На средбата министерот Сугарески ги информираше амбасадорот Тимоние и претставниците од Агенцијата за развој задолжени за Балканот, за  инфраструктурните проекти што се реализираат во Република Северна Македонија.
Посебен акцент на средбата се стави на проектите во делот на патната и железничката инфраструктура. Министерот ги најави проектите за изградба на пругата на Коридор 8 како и плановите за развој на патната мрежа во земјава. Тој потенцираше дека во тек е инвестициски циклус  преку милијарда евра и ги повика сите заинтересирани компании од Франција кои работат во делот на транспортот да учествуваат на јавните повици за реализација на капиталните инвестиции.
„Денеска остварив средба со амбасадорот и претставници од француската АФД за Балканот.  Разговаравме за проектите што ги реализираме во делот на инфраструктурата, ги информирав колегите од Франција дека инвестираме преку една милијарда евра во изгардба на патишта и железници. Исто така ги повикав сите заинтересирани компании од Франција да учествуваат на јавните повици што ќе ги објавиме во наредниот период за реализација на сите планирани проекти. Се надевам дека ќе имаме добра соработка”, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот