СУЕВЕРНИОТ ТОМ КРУЗ: Каков проблем има актерот со бројот 33?

том круз
Фото Профимедиа

Околу Том Круз отсекогаш се „вртат“ чудни и бизарни приказни, а она што моментално го забележаа теоретичарите на заговори е дека од секоја сопруга се развел кога таа имала 33 години.

Том беше во брак со Мими Роџерс од 1987 до 1990 година. Наводно, таа го вовела во скиентологијата, а и денеска таа важи за еден од најзначајните претставници на таа црква.

Никол Кидман никогаш не стана скиентолог, поради што Том ја сметал за проблематична. Нивниот брак траеше 11 години, по што Том се ожени со Кејти Холмс. Таа стана дел од оваа црква, но се повлече поради тврдењето на скиентолозите дека децата се стари души во мали тела кои се враќаат во скиентологијата.

Она што е заедничко за сите овие три жени е што се развеле од Том Круз на 33-годишна возраст. Постојат многу претпоставки и иако најлогична е дека се работи за случајност, многумина сметаат дека всушност, актерот има некакво суеверие кон овој број.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот