Судиска анализа: Најдобриот македонски судија ја оштетил Шкендија во Кратово

Фото: KF Shkëndija/FB

Денес судиската комисија ја објави својата анализа за седмото коло од Првата македонска фудбалска лига, а во неа се издвоени две грешки на арбитрите.

Судиите погрешиле во натпреварот Силекс – Шкендија кој заврши со победа од 2:1 за домашниот тим. Според судиската комисија пеналот за Силекс во првото полувреме не требало да биде досуден.

„Играч на домашната екипа ја имаше во посед топката и продираше странично  во 16-сетникот на гостинската екипа, до него се наоѓаше противнички играч,  играчот на домакините си ја додаде топката понапред и иницираше минимален контакт со противничкиот играч, по што играчот  падна за да изнуди пенал. Погрешна одлука на главниот судија што досуди пенал, бидејќи во оваа ситуација немаше елементи за пенал. Во оваа ситуација требаше да се досуди индиректен слободен удар за гостинската екипа и да се додели жолт картон за играчот на домакините за неспортски однос (симулација)“, стои во објаснувањето.

На овој натпревар правдата ја делеше најдобриот македонски судија, Александар Ставрев.

Грешка без посебно влијание на резултатот имало и на натпреварот Брегалница – Струга кој актуелниот шампион го доби со 1:3. На овој дуел на Струга и бил поништен регуларен гол.

„Во 90+3. минута, играч на гостинската екипа додаде топка до свој соиграч во 16-сетникот на домашната екипа, во моментот на додавање на топката соиграчот се наоѓаше во дозволена позиција (пред предпоследниот играч од одбраната на домакините), истиот ја додаде топката до друг соиграч кој постригна гол. Погрешна одлука на вториот помошен судија што досуди офсајд позиција, бидејки играчот на гостите во момент на додавање на топката од соиграчот се наоѓаше во дозволена позиција (пред предпоследниот играч од одбраната на домакините)“, објаснуваат од судиската комисија.

Комплетната анализа можете да ја прочитате на официјалната страна на ФФМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот