Судир меѓу камион и автомобил кај Богданци, тешко повредена жена

Полиција СТОП сообраќај сообраќајка
Полиција лента / Фото: Драган Митрески

Педесет и седумгодишна гевгеличанка е тешко повредена во сообраќајка која се случила вчера меѓу камион и автомобил во Богданци.

„На 26.03.2024 во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на Регионален пат 1109, обиколница Богданци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксфаген“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Н.К.(35) од Гевгелија и патничко возило „хјундаи“ со велешки регистарски ознаки, управувано од М.А.(33) од Нов Дојран. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „хјундаи“, Л.Ј.В.(57) од Гевгелија, констатирани во Медицински центар Гевгелија“, информираат од МВР.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот