Субвенции за Грците за купување електрични автомобили, мотори и велосипеди

Законот, освен субвенциите, предвидува и даночни олеснувања за компаниите да стекнат и да користат електрични возила, предвидува бесплатен паркинг за електричните возила.

Еколошки бонус, односно субвенција за физички лица, за компании и за такси возила, за набавка на електрични автомобили, мотори, велосипеди и мали комбиња, предвидено е да биде вклучен во новиот закон од Министерството за животна средина и енергија на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Конкретниот предлог-закон што е вклучен во широкиот план за „зелен транспорт” и подобрување на квалитетот на животот, надлежниот министер Костис Хаѕидакис вчера го презентираше за време на владината седница, додека пак комплетниот план ќе го претстави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на 5 јуни, на Светскиот ден на животната средина.

Законот, освен субвенциите, предвидува и даночни олеснувања за компаниите да стекнат и да користат електрични возила, предвидува бесплатен паркинг за електричните возила, како и мерки користење на електричниот транспорт во јавниот сектор.

Кон средината на февруари во грчкиот Парламент пристигна првиот електричен автомобил, а претседателот на Парламентот, Констанинос Тасулас, тогаш рече дека веќе 26 пратеници, нивните службени возила ги заменуваат со електрични автомобили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот