Студенти со еврејско потекло го тужат Универзитетот Харвард за антисемитизам

Харвард / Фото Архива на СП

Студенти со еврејско потекло го тужеа Универзитетот Харвард во Бостон бидејќи, како што тврдат, дозволува студентскиот кампус да биде „бастион на широко распространетиот антисемитизам“, објавија денеска американските медиуми.

Во тужбата поднесена синоќа во Бостон, во сојузната држава Масачусетс, студентите го обвинија елитниот универзитет Харвард дека „селективно“ ги спроведува своите прописи и избегнува да ги заштити студентите со еврејско потекло од вознемирување, игнорирајќи ги нивните молби и ангажирајќи професори кои поддржуваат антиеврејско насилство и шират антисемитска пропаганда.

Студентите, исто така, ја тужеа поранешната претседателка на Универзитетот Харвард, Клодин Геј, која поднесе оставка минатата недела откако се соочи со тешки критики поради нејзиниот одговор на антисемитизмот во кампусот по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година.

Во тужбата на студентите со еврејско потекло се бара донесување правни мерки, вклучително и забрана за прекршување на федералниот закон за граѓански права, кој забранува дискриминација. Други американски универзитети, вклучително и Универзитетот во Њујорк и Универзитетот во Калифорнија во Беркли, се соочуваат со слични тужби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот