Студен бран доаѓа кон Македонија

веменска прогноза, метео, зима
Зима / Фото: МИА

До крајот на денов ќе има локална позначителна облачност, сепак врнежи не се очекуваат. Ќе продолжи да дува северен и северозападен ветер, најизразен долж Повардарието и на југоисток. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени, информираше Славчо Поповски за „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“.

За викендот како што веќе најавивме ќе бидеме зафатени од поизразен студен воздушен бран од североистокот на Европа, истиот ќе услови понатамошно опаѓање на температурите па така наутро и тоа особено од недела минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -8 до 0 степени, на повисоките и планинските места истите ќе се спуштаат и под -10 степени. Максималните дневни температури пак ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 8 во сабота и од -2 до 7 во недела , кога ќе биде и најстудено.

Исто така за време на викендот ќе има и услови за слаби локални врнежи претежно од снег. Студеното време ќе се задржи и во првите денови од следната недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот