Струмица не беше закана за кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

фото: kfsm.mk

МЗТ Скопје Аеродром ја оправда фаворитската улога против последнопласираниот во Првата македонска кошаркарска лига, Струмица 2022, со резултат 63:88.

Во салата „Парк“ домаќините имаа само една вистинска закана против актуелните шампион кога во периодот од 16 до 20 минута негативата од 16 коша разлика ја намалија на само четири.

Но, составот на Драган Николиќ не дозволи никакво изненадување против „фенерџијата“, па на крајот „металците“ ја забележаа 14 победа сезонава.

Во победничките редови Кук запиша 29 поени и девет скокови, а за струмичката екипа блескаше Крстајиќ со 15 поени, осум скокови и пет асистенции.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ 16 КОЛО

Струмица 2022 – МЗТ Скопје Аеродром 63:88
Кожув – Еуро Никел 2005 71:77
Гостивар – Навико Академија ФМП 85:78
Феникс 2010 – Чаир 2030 75:67
Пелистер – Куманово 2009 104:70
ТФТ Моzzart – Работнички 92:89

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 30 бодови, Пелистер 29, ТФТ Mozzart 27, Феникс 2010 26, Гостивар 26, Еуро Никел 2005 24, Работнички 24, Кожув 22, Куманово 2009 20, Чаир 2030 19, Навико Академија ФМП 19, Струмица 2022 18;

ИДНО КОЛО (11.03)

Струмица 2022 – Гостивар
Кожув – ТФТ Мozzart
Куманово 2009 – МЗТ Скопје Аеродром
Чаир 2030 – Пелистер
Навико Академија ФМП – Работнички
Еуро Никел 2005 – Феникс 2010

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот