СТРАШНАТА БОЛЕСТ ѝ се вратила: Славната глумица ги одбројува деновите

Ѕвездата на филмот „Брилијантин“, Оливија Њутн Џон веќе неколку години се бори со ракот, а минатата година болеста по третпат ѝ се вратила. Тогаш рекла дека не сака да дознае уште колку време ѝ останало и дека шансите за да се излекува се мали.

„Среќна сум што низ ова поминував веќе трипати, а сè уште сум тука. Кога ќе ти дијагностицираат рак или ќе ти дадат некоја лоша дијагноза, најчесто ти даваат и некој временски период, ти кажуваат уште колку ти останало, изјавила Оливија и додала:

„Вистина е дека уште утре може да те удри камион, никогаш не знаеш, така што секој ден е подарок, посебно сега. Ако ѝ веруваш на статистиката, така и ќе биде. Ако некој ти каже дека ти останале шест месеци живот, така и ќе биде, бидејќи веруваш во тоа.

Оливија дома одгледува марихуана бидејќи употребата на канабисот ѝ помага за ублажување на симптомите, а собира средства за истражувања за влијанието на таа билка на ракот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот