СТРАШЕН ПОЖАР ВО РАФИНЕРИЈА ЗА НАФТА ВО ИНДИЈА: Има повредени и мртви (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Голем пожар зафатил рафинерија за нафта во Уран во околината на Мумбаи во Индија, а во него загинале пет лица, пренесуваат руските медими.

Покрај загинати, според првичните информации, повредени се и најмалку 11 лица, а локалното население кое живее во близина на рафинеријата било евакуирано.

Пожарот избил во системот за дренажа околу 7.00 часот утринава, а потоа следувала и брза реакција на пожарникарите и службите за итна ситиуација.

Пожарот бил ставен под контрола, но населението сепак е евакуирано.

Најмалку осум работници од рафинеријјата се хоспитализирано поради повреди, а досега се утврдени пет смртни случаи.

Операциите на нафтната рафинерија не била загрозени, но нафтата била префрлена во друга фабрика во Хзири, која е оддалечена 330 километри.

Причината за пожарот засега не е позната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот