Страота сообраќајка во Струмица: Едно лице загина, три се повредени
По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од СВР-Струмица.
Едно лице загина, а три се повредени во сообраќајка што се случи попладнево околу 17 часот на местото Габровски водопади, на патот Банско-Колешино, откако автомобил марка „бмв”, управуван од В.М.(39) од село Моноспитово, излетал од патот.
Препорачано
Веста ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска, која инфомираше дека во незгодата со телесни повреди се здобиле возачот и двајца сопатници од село Моноспитово, додека сопатникот Д.Д (34) од истото село од здобиените повреди починал во Медицинскиот центар во Струмица.
На местото на несреќата интервенирало и едно противпожарно возило со шест пожарникари, кои ги извлекле повредените и извршиле обезбедување на автомобилот од евентуално опожарување со прекинување на електричниот погон.
По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од СВР-Струмица.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5час
-
9час
-
11час
-
14час
-
14час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3


