Страота сообраќајка во Струмица: Едно лице загина, три се повредени

По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од СВР-Струмица.

Едно лице загина, а три се повредени во сообраќајка што се случи попладнево околу 17 часот на местото Габровски водопади, на патот Банско-Колешино, откако автомобил марка „бмв”, управуван од В.М.(39) од село Моноспитово, излетал од патот.

Веста ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска, која инфомираше дека во незгодата со телесни повреди се здобиле возачот и двајца сопатници од село Моноспитово, додека сопатникот Д.Д (34) од истото село од здобиените повреди починал во Медицинскиот центар во Струмица.

На местото на несреќата интервенирало и едно противпожарно возило со шест пожарникари, кои ги извлекле повредените и извршиле обезбедување на автомобилот од евентуално опожарување со прекинување на електричниот погон.

По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од СВР-Струмица.

Прочитајте и...  До ДИК доставени 242 барања за платено политичко рекламирање од страна на медиумите

Прочитај повеќе

Детали за инцидентот на карневал во Германија: Возачот намерно влетал во карневалската поворка

Слободен печат

Договорени мерките: Засилена контрола, изолациски центри и кризен штаб за превенција од коронавирусот

МИА Агенција

Европа трепери од коронавирусот во Италија, Македонија ги засилува граничните контроли

Слободен печат

Жител на Арачиново осомничен за неовластена продажба на марихуана

Слободен печат

Сведоштва од Италија: Паниката е заразна и се шири побрзо од вирусот

Слободен печат

УЖАС ВО ГЕРМАНИЈА: Автомобил влета во карневалска поворка, најмалку 30 повредени

Слободен печат

Остави Коментар

12 − седум =

Прочитај повеќе

Регистриран шестиот смртен случај од коронавирус во Италија

Слободен печат

Дендиас без коментар за непочитувањето на Преспанскиот договор

Резултатите покажуваат дека во Косово нема случај на заразени од коронавирус

Слободен печат

Поради трагедијата во Романовце утре прогласен ден на жалост во Куманово

Слободен печат

Колку реално партиите можат да добијат двотретинско мнозинство?

Мицкоски повика на протестен марш од Обвинителството до Врховниот суд

Слободен печат