Стотици откази за персоналот на аеродромите во Берлин

Државниот оператор со аеродромите во Берлин планира во следните неколку години да укине 400 работни места, поради пандемијата на коронавирусот што силно ја погоди воздухопловната индустрија.

Потребни се значителни намалувања во администрацијата и операциите, се вели во писмото до вработените во кое денеска мала увид и германската новинска агенција ДПА.

– Проценуваме дека во наредните неколку години ќе бидат укинати 400 работни места, напишаа во писмото шефот на аеродромот Енгелберт Луетке Далдроп и директорот на одделот за човечки ресурси Мајкл Халберштат.

Компанијата во моментов има околу 2.170 вработени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот