Стопанската комора на Македонија и Македонија 2025 ќе ја унапредуваат соработката

Меморандум за соработка за зацрврстување на деловната комуникација помеѓу бизнис заедницата во земјава и македонските бизнисмени во странство потпишаа Стопанската комора на Македонија и Македонија 2025. Меморандумот го потпишаа претседателот на Стопанската комора Бранко Азески и претседателот на одборот на директори на Македонија 2025 Вера Ставроф.

Целта, соопшти Стопанската комора на Македонија, е со заеднички активности на Комората и „Македонија 2025″, домашните компании да остваруваат подобри перформанси, што во крајна линија ќе придонесе за забрзување на растот на македонската економија и развој на македонското општество.

Меморандумот предвидува повеќе форми на соработка, во насока на размена на информации и активности за олеснување на бизнис соработката и зголемени извозно-увозни активности, организација на трибини, презентации, конференции од заемен интерес, трансфер на знаење преку различни форми на едукација (семинари, обуки), организирање и спроведување заеднички истражувачки проекти.

Прочитајте и...  Анкета: Третина од Британците не би се вакцинирале против коронавирусот

-Стопанството во една држава може да оставарува подобри резултати само ако економијата гради мостови и форсира бизнис активности, вели претседателот Азески, и истакна дека со потпишување на Меморандумот со “Македонија 2025” се формираше кругот од сите бизнис институции кои на локално, регионално и меѓународно ниво ги поддржуваат компаниите ставајќи им ги на располагање ресурсите, искуствата и знаењето во подигање на конкуретноста и иновативноста на домашните стопански субјекти и им ја отвора по смело вратата на странските пазари.

Потврда за тоа, како што стои во соопштението, е работата на фирмите во рамки на здруженијата, асоцијациите, Советот на странски инвеститори во рамки на Стопанската комора на Македонија. Членка е на Асоцијацијата на Балкански Комори, на EUROCHAMBER, активно е вклучени во Коморскиот инвестициски форум во рамки на Западен Балкан, а е воспоставена официјална соработка и со “Македонија 2025”.

Прочитајте и...  Масовни немири во Белград, демонстрантите фрлаат со шишиња и камења, полицијата употреби солзавец (ВИДЕО)

Претседателот на Одборот на директори на “Македонија 2025” Вера Ставроф, изрази благодарност за воспставената соработка со Стопанската комора на Македонија која може да биде од огромно значење за бизнисот од аспект на подршка во иновативни процеси со цел поттикнување на извозните активности на компаниите

Прочитај повеќе

Спасовски: Ние се грижиме за потребите на луѓето, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не се опција

Слободен печат

Не сте ги гледале досега? Не чекајте повеќе! – 10-те најдобри филмови за првата половина од 2020 година (ВИДЕО)

Слободен печат

Најубавите цитати од Марк Твен кои веднаш ќе ви го подобрат расположението: Подобро е да молчиш и да те сметаат за будала, отколку да прозбориш и така да го отстраниш секој сомнеж

Слободен Печат

Бензема би можел да заврши зад решетки!?

Слободен печат

Касами: Различни партии се соединивме за иднината на европска Македонија

Слободен печат

Едноставен рецепт: Направете си сами сок од праски

Теодора Циклевска

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Раста во раце ја држи ќерка му (2), а позади него се гледа џоинтот? (ФОТО)

Васко Спасоски

Австрија дозволи сексуални услуги, но препорача ограничен физички контакт

Слободен печат

Две познати српски пејачки позитивни на коронавирус! (ФОТО)

Васко Спасоски

Марјана сакаше да ги рекламира заштитните маски за лице, но сите гледаат во нешто друго!(ФОТО)

Васко Спасоски

Царовска: Преку јакнење на најранливите и вложување во нив, ги активираме на пазарот на трудот

Слободен печат

Нетанјаху: Ги продолжуваме разговорите за припојување на делови од Западниот Брег

Слободен печат