Столтенберг: Србија е долгогодишен партнер на НАТО

Јенс Столтенберг, генерален секретар на НАТО. / Фото: МИА

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг оцени дека Северноатлантската алијанса е долгорочен и близок партнер со Србија, оценувајќи дека партнерството се заснова на политички дијалог и практична соработка, со целосно почитување на државната политика на Србија за воена неутралност.

– Нашиот политички дијалог се манифестира на различни начини. Тоа ги вклучува моите контакти со претседателот Александар Вучиќ и другите политички лидери и редовните интеракции со српските колеги, вклучувајќи го и мојот заменик-помошник за политички прашања и безбедносна политика и шеф на Воената канцеларија за врски на НАТО во Белград. Тоа вклучува и добро воспоставени односи меѓу командантот на КФОР и српскиот началник на Генералштабот – изјави Столтенберг за „Вијести“. Тој вели дека ваквите односи овозможуваат конструктивен дух и меѓусебно почитување „што треба да продолжи“.

Што се однесува до Косово и Метохија, Столтенберг рече дека „неодамна разговарал со политичкото раководство во Приштина и Белград за тензиите на северот на Косово“.

– Сите страни мора да останат смирени, да избегнуваат еднострани дејствија и конструктивно да се вклучат во дијалог, со посредство на Европската унија. Во согласност со мандатот на ОН, мисијата на КФОР внимателно ја следи ситуацијата и е подготвена да интервенира доколку е загрозена стабилноста – рече тој.

Столтенберг рече дека НАТО ќе продолжи целосно да го поддржува дијалогот, со посредство на ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот