Стоилов е ракометарот на Вардар кој е позитивен на коронавирус

фото: Слободен печат/Драган Митрески

Капитенот на „црвено-црните“, Стојанче Стоилов е ракометарот кој е позитивен на коронавирус и тоа на четири дена пред првиот официјален натпревар.

Стоилов на вчерашниот тренинг почувствувал малаксаност, по што му бил извршен тест за коронавирус.
Денешниот резултат покажа дека репрезентативниот пикер е позититен и се наоѓа во самоизолација и нема да настапи на саботниот натпревар против Нексе во СЕХА лигата.

– Стоилов ќе ни недостасува, посебно во нападот. Имаме доста нови ракометари кои ни се приклучија летово и потребно им е извесно време да влезат во системот на игра на Вардар – вели тренерот на Вардар, Стевче Алушовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот