Стивен Џерард останува верен на Ренџерс (ФОТО)

фото:твитер

Славната англиска ѕвезда денеска официјално го продолжи договорот со шкотскиот клуб. Стивен Џерард ја продолжи соработката на уште две години, па така неговиот договор сега ќе трае до лето 2024. година, информираат од Ренџерс.

– Кога претседателот на клубот, Дејв Кинг, ми пријде за можноста да го продолжам договорот со Ренџерс, беше многу лесна одлука да се донесе, затоа што сум многу среќен чувствувам дека заедно градиме нешто посебно во клубот – рече Џерард.

Во клубот дојде во летото 2018. година и ова е негова прва тренерска работа во професионалната кариера.

Со доаѓањето на иконата на Ливерпул, Ренџерс започна нова ера, која резултираше со учество во Европа после тешките години кои делуваа на финансиски план.

Оваа сезона после успешно завршените квалификации направија чекор напред и во уште една тешка група со Феенорд, Порто и Јанг Бојс, изборија пласман во нокаут фазата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот