Стево и Миле летнаа за Брисел (ФОТО)

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, од утре ќе престојува во работна посета на Брисел. 

Иако од неговиот кабинет има официјална информација за службената посета на Брисел, сепак претседателот Пендровски на социјалните мрежи сподели и фотографија од авионот со кој лета. Може да се забележи дека лета со редовна линија, дури и не е во бизнис класа, а друштво му прават Миле Бошњаковски кој е генерален секретар како и двајца советници.

Се надеваме дека оваа скромност нема да биде само на почетокот на мандатот.

Во Брисел Пендаровски ќе оствари одвоени билатерални средби со претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск и со заменик-претседателот на Европската комисија и висок претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини.

За време на работната посета  Пендаровски ќе се обрати на трибина организирана од „Пријателите на Европа“, водечка тинк тенк организација која ги поврзува луѓето, ја стимулира дебатата и предизвикува промени за да создаде повеќе инклузивна, одржлива и прогресивна Европа. Претседателот ќе говори на тема „Северна Македонија и нејзината потрага за евроатлантска интеграција“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот