Стејт департмент за средбата Дачиќ-Лавров: Да не му даваме на Путин платформа за промовирање агресија

Фото: govexec.com

Стејт департментот смета дека не треба на Русија да и се обезбеди платформа за промовирање на агресијата. Оваа реакција доаѓа по по посетата на министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ на Москва и средбата со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, американскиот Стејт департмент вели дека биле запознаени со ова.

„Ние не веруваме дека некоја земја треба да му обезбеди на г-дин Путин платформа за промовирање или оправдување на неговата тековна агресивна војна против Украина“, изјави портпаролот на Стејт департментот за РСЕ.

На средбата се разговарало за односите помеѓу Русија и Србија но и случувањата на Балканот.

„Ги цениме односите што се развиваат меѓу Руската Федерација и Србија и заинтересирани сме да слушнеме од вас оценка за ситуацијата на Балканот, каде што сè стана комплицирано“, изјави министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, денеска на средбата со својот српски колега, Ивица Дачиќ, кој пристигна во Москва.

Ивица Дачиќ изјавиле дека Србија и била благодарна на Русија за поддршката што ја дава кога станува збор за територијалниот интегритет и суверенитет и прашањето за Косово и Метохија, по што му се заблагодари на својот руски колега за средбата и поддршката за Белград во секоја ситуација која беше важна за Србија.

„Поддршката што ни ја давате во однос на Косово и Метохија е многу важна за нас и би сакал лично да ви се заблагодарам за вашето големо разбирање и поддршка секој пат кога ќе ви се обратиме за помош. Благодарен сум за вашата помош во одржувањето на итната седница на Советот за безбедност на ОН за КиМ и за предлогот да се одржи седница по повод 25-годишнината од НАТО бомбардирањето на Југославија“, рече Дачиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот