Сте заборавиле да го испиете лекот? Не е ништо страшно, но внимавајте на ова

Unsplash
Фото: Unsplash

Престанувањето на земањето антибиотици откако ќе се појават првите знаци на подобрување, може да поттикне враќање на инфекциите, но и да предизвика растење на количината на бактерии кои стануваат отпорни на одредени антибиотици, истакнуваат лекарите. Антибиотикот, по правило треба да се зема во точно одредено време, во пропишаната доза, бидејќи со тоа се осигурува константната количина на лекот во организмот. Капсулите и таблетите најдобро е да се земаат со вода, не со млеко или млечни производи, бидејќи би можело да дојде до забавување и отежнување на апсорпцијата на лекот. За време на терапијата со антибиотикот, корисно е да се земаат пробиотици заради зачувување на микрофлората на дигестивниот тракт. Тие се земаат два часа по примената на антибиотиците, никако истовремено, бидејќи антибиотикот ќе се уништи. Треба, исто така, да знаете дека и храната ја забавува апсорпцијата на антибиотиците и максималната концентрација во плазмата се помали. Поради тоа, повеќето антибиотици се земаат помеѓу оброците или најмалку еден час пред јадењето.

Затоа, се советува тие да се испијат до крај. Но, ако заборавите да ги испиете сите, а на тоа се сетите до два дена по престанувањето, продолжете да ги земате.

Терапијата со антибиотици може да заврши и два дена по последниот испиен лек, а контрацептивната таблета треба да се зема во текот на следните 12 часа за да не останете непредвидено бремени.

Но, ако заборавите да ги испиете сите, а на тоа се сетите до два дена по престаувањето, продолжете да ги земате. А ако сте заборавиле да испиете контрацепсиска таблета, направете го тоа во текот на следните 12 часа. Ако помине меѓу две таблети повеќе од 36 часа, дејството на кантрацепцијата може да биде намалено, така што ќе треба да употребувате и дополнителна заштита од бременост. Моќните „незгоди“ како заборање на лекот или случајно земање две дози не се ретки, наведуваат лекарите. Често се случува, на пример, два пати да се земе парацетамол. Затоа што го содржат лековите против кашлање, температура, грип, па дури и таблетите за спиење, луѓето случајно пијат двојна доза.

Ако тоа го направите само еднаш нема потреба за паника, но повеќе такви грешки можат да предзивикаат предозирање и оштетување на црниот дроб, предупредуваат лекарите.

Меѓу другото, жените треба да внимаваат и при употребата на тампоните. Заборавениот тампон може да предизвика инфекција и уште пострашно, појава на т.н. синдром на токсичен шок кој може да доведе до кобен исход. Ако ја преспиете ноќта, пред да го извадите тампонот, не мора да значи дека ќе го предизвика опасниот фатален синдром на токсичен шок. Но, тоа може да предизвика бактериска или габична инфекција, особено ако сте веќе склони кон такви заболувања. Ако сте чувствителни на вагинални бактериски инфекции, настојувајте да употребувате само тампони со нормална големина. Големите тампони полесно ги оштетуваат ѕидовите на вагината, така што може да ги направи многу почувствителни на инфекции, предупредууваат гинеколозите.

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот