Старите мобилни телефони собираат прашина: Германците одбиваат да купат користена технологија

Фото: Профимедиа

Повеќето германски потрошувачи ја отфрлаат идејата да купат користен мобилен телефон или лаптоп. Помалку од една петтина, 19 отсто од нив, се подготвени да заштедат пари со такво купување, пренесува германската новинска агенција (ДПА).

Меѓу нив, мнозинство се оние кои купиле користен телефон – 65 отсто, покажува истражувањето на консултантската куќа за потрошувачи на мобилни телефони. Лаптоп кој некој веќе го користел купиле 32 отсто, а таблет 27 отсто. Во исто време, 63 отсто од испитаниците одбиваат да купат користена опрема, пишува Феникс Магазин.

Во анкетата дел од германските граѓани се изјасниле дека не сакаат да ризикуваат поради состојбата на уредот и се прашуваат колку долго ќе трае. Многу луѓе не ни помислуваат на користената стока како опција кога купуваат, вели Јулија Рехберг од Центарот за потрошувачи во Хамбург. Постојаниот развој на техничките уреди ја зголемува потрошувачката, а производството троши суровини и енергија, што и штети на животната средина. Стариот паметен телефон често едноставно завршува во фиока. Минатата година во Германија имало околу 210 милиони стари мобилни телефони во домаќинствата, проценува дигиталното здружение Битком. Дури 87 отсто од граѓаните имале барем еден телефон кој собирал прашина во 2022 година. Уделот е повеќе од двојно зголемен од 2015 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот