„Старата дама“ чека 25 години: Нови две ѕвезди во Јуве за европска титула!?

epaselect epa08567986 Juventus? Cristiano Ronaldo jubilates after scoring the goal (1-0) during the italian Serie A soccer match Juventus FC vs UC Sampdoria at the Allianz stadium in Turin, Italy, 26 July 2020. EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Иско моментно заработува седум милиони евра годишно, додека неговиот соиграч од Реал Мадрид, Марсело, дури 12 милиони.

Како што информираат италијанските и шпанските медиуми, Јувентус во јануари ќе ангажира две големи имиња од „кралскиот“ клуб, односно се тврди дека во Торино од наредната година ќе играат Иско и Марсело.

За Иско на Реал Мадрид ќе му бидат платени 40 милиони евра, додека Марсело ќе добие раскин на договорот за да потпише со Јуве. Иско моментно заработува седум милиони евра годишно, додека неговиот соиграч од Реал Мадрид, Марсело, дури 12 милиони.

Тоа ќе ги натера првите луѓе од мадридскиот гиганти на ваков потег со оглед на ситуацијата со коронавирусот и фактот дека тренерот Зинедин Зидан не ги гледа овие двајца фудбалери во својот тим во блиска иднина.

Дали со овие имиња конечно италијанскиот шампион после 25 години повторно ќе се искачи на европскиот врв? Во новата сезона од ЛШ, во групата „Г“ играчите на Андреа Пирло стартуваа сигурно со гостински триумф над Динамо Киев (0:2). Во второто коло од Лигата на шампионите Јувентус го чека тежок дуел наредната среда (28 октомври) на домашен терен против Барселона.

Последен пат „Старата дама“ беше најдобра во фудбалска Европа во далечната 1996 година, а во меѓувреме беше и во финалето во 1997, 1998, 2003, 2015 и 2017 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот