Стано: Европската унија од Белград и Приштина не бара меѓусебно признавање

Знамето на Европската унија
Знамето на Европската унија / Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Портпаролот на ЕУ Петер Стано рече, во изјава за приштинска „Газета Експрес“ дека Европската унија верува дека единствено Белград и Приштина можат да постигнат потребен компромис, одбивајќи да го коментира писмото кое претседателот на САД му го испрати на српскиот претседател Вучиќ во кое бара меѓусебно признавање на Белград и Приштина.

Портпаролот на ЕУ Петер Стано рече дека главна цел на дијалогот е да се постигне сеопфатен договор, неспоменувајќи меѓусебно признавање.

Стано одби директно да го коментира писмото на Бајден до претседателот на Србија Александар Вучиќ, во кое тој нагласува дека меѓусебното признавање е единствен начин да се заврши дијалогот.

– Дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина води кон нивната европска идина. На крајот Белград и Приштина ќе го најдат неопходниот компромис. Најважната цел на дијалогот е да се постигне сеопфатен договор кој води кон нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, рече Стано.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот