Српски медиуми: Заев се заблагодари на Србија за новата пратка на анти-ковид вакцини

Премиерот Зоран Заев и се заблагодари на Србија за новата пратка на вакцини против коронавирусот, објавија повеќето српски медиуми.

Заев во име на македонската Влада и на граѓаните, преку Фејсбук упати „искрена благодарност до народот на пријателска Србија, до претседателот Александар Вучиќ и до премиерката Ана Брнабиќ за овој гест на разбирање, на солидарност и поддршка во борбата со пандемијата“.

– Нашата взаемна грижа и поддршка продолжува и натаму како традиционално пријателски народи и добри соседи посветени на нашите заеднички светли перспективи за кои имаме многу блиски допирни точки, напиша Заев.

Тој на својот Фејсбук профил потсетува дека од Србија во земјава денеска пристигна вториот дел од пратката на вакцини против коронавирус со 3.510 дози, односно дека досега од Србија пристигнале вкупно 8.190 дози на „Фајзер“ и на „БајонТек“.

– Заедно со претходните 4.680 дози, имаме доволно за имунизација на здравствените работници, нашите херои на првата линија во борбата со ковид-19, наведе Заев во објавата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот