Српски демонстрант со солзи во очите: Тато, ова е за тебе, што умре без респиратор – Тато, многу те сакам (ВИДЕО)

На социјалните мрежи во Србија се шири снимка од Н1 телевизијата, каде репортерката од терен за време протестите во Белград, зборува со момче кој раскажува дека присуствува на протестот во чест на неговиот починат татко.

На прашањето на репортерката од што умрел неговиот татко, тој со солзи во очите вели дека немало доволно респиратори во болницата во Земун и дека до ден денес чека извештај за дали бил болен од коронавирусот.

„Тато ова е за тебе, кој умре а немаше респиратор. Тато многу те сакам. Ова е за тебе и за мојот син кој што се роди скоро“, вели момчето.

Тој исто така вели дека властите пробувале да го спречат да зборува за смртта на неговиот татко.

„Татко ми беше здрав. Немше други заболувања. Откако ги зедов работите од болницата, открив дека телефонот и паричникот на татко ми недостасуваат. Шокиран од целата ситуација, напишав неколку реченици на оваа тема на мојот профил и во истиот ден лидерите на СНС од Мајданпек ми се јавија и ми понудија да ги отстранам сите статуси во кои се споменува сегашната власт и тие ќе го платат погребот. Секако дека одбив“, вели тој.

Момчето дополни дека сам го погребал татко му, а дека неговите мајка и сестра се блокирани во странство и немаат начин да дојдат.

Погледнете го виралното видеото:

Неговото емотивно признание на Јелена Зориќ од Н1 додека репортажата се пренесуваше во живо ги поттикна креативците да ја вузиализираат неговата болка:

Инаку, во еден момент полицијата се обиде да ја спречи и репортажата на Јелена Зориќ од Н1, која на полицаецот му одговори „Што правите, ние сме телевизиска екипа, во моментов Н1 оди во живо. Ова е јавен простор и снимаме што правите, ова е нашата работа, да снимаме и пренесеме што вие работите“:

Седеа на клупа, полицајците брутално ги претепаа: Ова видео од Србија ги запали социјалните мрежи (ВИДЕО)

Полицијата околу два часот наутро ги растера демонстрантите во Белград, за денес закажан нов протест (ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот