Средношколскиот сојуз викендов ќе бира една од двете можности за полагање матура

Фото: Facebook

Иако  не се постигна конечно решение,  генерално се разработуваа два предлога за државната матура, вели пратеникот Бојан Стојаноски за „Слободен печат“, ои расправата што се одржа на иницијатива на собранискиот Клуб за младински прашања и политики. 

– Едниот предлог е матурантите да полагаат два екстерни испита, додека за двата интерни да се изведе средна оценка од четирите години. Клубот за младински прашања предложи и втора опција, а тоа е да се полагаат четири предмети од државната матура по скратени програми – додава Стојаноски.

За матурантите е поприфатлива првата опција, но според Стојаноски, оставаат да закажат седница на Средношколскиот сојуз, каде се очекува да формираат конечен став за тоа која од овие опции е најприфатлива за нив. Она што е важно е дека за двете опции не се потребни законски измени. И лидерот на Средношколскиот сојуз, Бленди Ходаи, за „Слободен печат“ потврди дека во текот на викендот ќе одржат средба и ќе се одлучат за компромисно решение.

На дебатата присуствуваа претставници на Сојузот на средношколци и од кабинетот на министерката за образование и наука Мила Царовска, која поради контакт со заразен од ковид-19 е во изолација и не присуствуваше на дебатата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот