Средношколците на средба со ВМРО-ДПМНЕ, велат бојкотот не бил политизиран

Унијата на средношколци се сретна со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за да дискутираат околу барањата на матурантите.

– Бараме поддршка од нивна страна како народни избраници, јавно да ги поддржат нашите барања и истовремено да организираат јавна дебата во Собрание со цел сите да ги слушнат нашите барања, поради одбивањето од страна на министерката за образование кое го добиваме секојдневно, истакна Бленди Ходаи, претседател на Унијата.

Во четвртокот Сојузот на средношколци испрати писмо до сите пратеници во Собранието, а Ходаи потврди дека досега на поддршка за нивните барања наишле од Коалицијата Алијанса за Албанците-Алтернатива. Истото го очекуваат од сите пратеници на власта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот