СРЕДБА ПОМЕЃУ ПУТИН И ЕРДОГАН: Ситуацијата во Сирија е КРИТИЧНА!

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган / Фото: Архива

Ситуацијата во Сирија е критична, сите тоа го гледаат и разбираат, па консултациите на Русија и Турција во врска со тоа прашање се неопходни, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Путин на почетокот од состанокот со турскиот колега Реџеп Тајип Ердоган, изразил надеж дека нивото на турско-руски односи ќе овозможи да се пронајдат одоговори на сложени прашања за решавање на сириската криза.

Во Сочи во тек е состанок меѓу Путин и Ердоган, пренесува „Спутник“.

Портпаролот на Кремљ од порано денеска изјави дека разговорот на двајцата лидери ќе биде темелен и сложен и дека тие ќе мораат да разговараат за „многу теми“.

Вчера, воочи состанокот со Путин, Ердоган изјави дека Анкара „ќе преземе чекори“ во Сирија по разговорот со претседателот на Русија.

Од друга страна денеска истекува петдневниот рок за прекин на турската воена операција во Сирија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот