Средба Мицкоски – Вархељ: Демократски и фер изборен циклус е клучен за иднината на граѓаните

Мицкоски на Вархеји му се заблагодарил за поддршката која ја дава за членството во Европската Унија и нејзиното проширување.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Александар Николоски, меѓународниот секретар Тимчо Муцунски и советникот за меѓународна политика Стефан Андоновски се сретнаа со еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Оливер Вархеји.

На средбата се разговарало за актуелната политичка состојба во државата, стратешките цели на Македонија,  европерспективат, претстојните парламентарни избори и проблемите со кои се соочува нашата државата на патот кон Унијата, велат од партијата.

Мицкоски истакнал дека приоритет на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде остварувањето на стратешката цел и сонот на многу генерации, а тоа е членството во Европската Унија. Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ има визија и план како државата да ја стави на брзата трака за членство во Унијата и притоа да ги спроведе клучните реформи за остварување на оваа цел.

-Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека Владата предводена од СДСМ доживеа неуспех на полето на реформите и доближување на државата до европскиот стандард. Тој напомена дека клучен проблем со кој се соочува Република Македонија е криминалот и корупцијата кои се најистакната во највисоките ешалони од власта и дека до ден денес голем број на корупциски афери немаат правна разрешница, што пак се аргумент за оние кои се противат на проширувањето на Унијата, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски на Вархеји му се заблагодарил за поддршката која ја дава за членството во Европската Унија и нејзиното проширување, притоа додавал дека патот кон просперитетен и успешен регион води преку Брисел и членството во ЕУ.

-Што се однесува на предвремените парламентарни избори, соговорниците се согласија дека демократскиот и фер изборен циклус на кој граѓаните слободно ќе ја изразат својата волја е клучен за иднината на нашата држава и како и за нашата европерспектива, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот