Срцето му кажа на Тоти да ја одбие понудата на Реал: Во моето време се играше од љубов, сега се игра само за пари

Франческо Тоти целата своја кариера ја помина во Рома/ фото: EPA/CLAUDIO PERI

Франческо Тоти во интервју за британски „Гардијан“ зборува на многу теми, како изгледа фудбалот кога се гледа од страна, зошто никогаш не си замина од Рома, за семејството…

Тоти целата своја кариера ја помина во Рома, 25 години и тоа од 1992 до 2017 година и беше верен на „римската волчица“ притоа постигнувајќи повеќе од 300 гола, освои само една титула и го доби прекарот „Принцот на Рим“, но сега вели дека не жали за ништо.

– Не сум некој кој денеска седи во фотелја и размислува што можев да постигнам доколку бирав поинаку. Направив се што можев и зедов се што ми даде и понуди – вели Тоти.

Тото го носеше дресот на Рома од 1992-2017 година/ фото: EPA-EFE/RICCARDO ANTIMIANI

„Принцот на Рим“ вели дека една титула во освоена во родниот град и тоа со клубот во кој е од своето детство му значи како да освоил десет со друг клуб.
– Градот во кој си роден секогаш е најубав на светот. Тоа е вистина, секој град во кој сте родени е живеете е поинаков од останатите, има посебен шмек. За мене Рим навистина е најубавиот град на светот.

Тој беше запрашан да направи паралела помеѓу денешниот фудбал и од времето кога тој почнуваше, Франческо Тоти го даде најдобриот одговор: Порано се играше од љубов, денеска за пари.

– Почнав да играм фудбал во поинакви времиња. Тоа беше поинаков фудбал во однос на сегашниот, тогаш имаше „љубов“ во фудбалот, приврзаност кон навивачите. Беше многу полесно да се игра за клубот кој го сакате, за кој навивате. Не е мала работа да играте 25 години во еден клуб, да се биде капитен… Не може да се споредува сегашното со минатото време. Денеска се е бизнис, одите таму каде што ќе заработите највеќе – вели Тоти.

Овие зборови доаѓаат од човекот кој во 2006 година одби неверојатна понуда од Реал Мадрид. Доколку се согласеше да се пресели во Мадрид, ќе станеше најдоброплатен фудбалер на светот. Но на крајот ја одби понудата и и остана верен на својата Рома.

– Нормално дека размислував да заминам во Реал. Имаше денови кога со едната нога бев во Мадрид, а со другата во Рим. Но, и тогаш како и сега зборувам искрено, срцето одлучи да останам.

Тоа беше еден од трите моменти кога Тоти можеше да го напушти Рим, првиот момент беше кога имаше само 12 години и кога поранешниот спортски дирекор на Милан, Ариедо Брада лично беше во домот на неговото семејство за да го натера да се пресели во Милано.

„Принцот на Рим“ одби понуда од Реал Мадрид која ќе го направеше најдоброплатен фудбалер на светот/ фото: EPA-EFE/RICCARDO ANTIMIANI

Вториот момент беше во 1996 година кога тогашниот тренер на Рома, Карлос Бјанки сакаше на негово место да го донесе Јари Литманен.

Тоти кој со Италија триумфира на Светското првенство во 2006 година, во својата автобиографија откри дека Милан „беше единствениот тим во кој сакаше да игра покрај Рома“ но декатој и неговите родители одбиле чек од 150 милиони лири (75.000 евра).

Одлуката ја донесов сам, со своја глава. Родителите често ми даваа совети и секогаш е паметно да ги слушате, но тогаш бев млад и знаев дека иднината е моја и сакав да останам и не погрешив – вели Тоти кој признава дека тешко му паѓа тоа што новите сопственици на Рома не му понудиле некоја функција. 

– Не сум среќен поради тоа бидејќи Рома секогаш ми беше на прво место. Но, тоа е судбина. Сега кога некој би ме повикал, прво мора да се седнеме и да разговараме за се, па потоа би размислил за понудата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот