Србија во невозможни услови до титулата во Светската лига (ВИДЕО)

Tanjug/Zoran Žestić

Најдобрите српски ватерполисти во финалето одиграно во Белград ја совладаа селекцијата на Хрватска со конечен резултат 12:11.

Хрватите имаа позитива во клучните решавачки моменти со еден гол разлика, но потоа на сцена стапи Филиповиќ кој практично се покажа како херој за Србија и со неколку одлични потези и реализиран пенал донесе победа на 17 секунди до крајот на средбата.

Се обиде Хрватска да дојде до израмнување, и голманот Марко Бијач тргна во напад и токму тој доби шанса за последен шут, но беше непрецизен.

Кај стрелците во победничките редови Душан Мандиќ и Филип Филиповиќ имаа по четири голови, а на спротивната страна за „коцкестите“ Анте Вукичевиќ запиша пет погодоци, три помалку Лорен Фатовиќ.

За Србија ова е вкупно 12. трофеј во Светската лига, а во мечот за третото место Австралија беше поуспешна од Шпанија со 11:10.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот