СРБИЈА СИ КУПИ ВОЕН ДРОН ОД КИНА: Беспилотното летало снима и лоцира, но може да пренесува и оружје

Фото: Профимедиа

Србија од Кина купи вооружени беспилотни летала CH-92A, кои се користат за извидување и снимање на терен, но и за пренесување на бомби и ракети, пренесува српски „Блиц“.

Ова за воздухопловниот портал “Tango six” го потврди Ненад Милорадовиќ, в.д. помошник на министерот за одбрана. Според Милорадовиќ, кинеското летало ќе биде комплетирано со уште едно друго летало наречено „пегаз“, кое е развиено во Србија, но се уште не е завршено.

– Набавуваме сет на летата кои се слични на конфигурацијата на „пегаз“, можеби малку поголеми, со 20 отсто поголема носивост. Со тоа, ќе се задоволат итните потреби на Военото воздухопловство за таков вид на опрема. Тоа што е главна цен на соработката со тој партнер е развој на технологијата на таквиот вид на летата, односно развој на „пегаз“ кој е претставен на нашиот саем – истакна Милорадовиќ.

Со оглед на фактот дека „пегаз“ може да носи опрема до 55 килограми, може да се заклучи дека кинескиот дрон може да носи околу 65 отсто килограми воена опрема или вооружување.

Милорадовиќ вели дека основната, извидничка намена на „пегаз“ е променета.

– Тоа летало освен извидувачките функции, ќе има и значајни карактеристики за напаѓање. Тоа што е важно, двете летала ќе бидат целосно исти. Најголемиот дел на компоненти, системи, обуки, се ќе биде идентично. Тоа е основниот мотив за ваквата соработка – вели в.д. помошник-министерот за одбрана.

„Пегаз“ така ќе добие и кинеска, полуактивна ласерски водена ракета воздух-земја FT-8D, која е прикажана на последниот саем за вооружување и воена опрема „Партнер“. Како што пишува „Tango six“, „пегаз“ најверојатно ќе добие кинески електрооптички систем за обележување на целите, ракети FT-8D, а подоцна треба да биде интегрирани и технологиите за да може да ги користи ракетите ALAS и VRVZ.

– Купувањето на CH-92A е интересно не само поради тоа што српската војска ќе биде прва во регионот по способноста да лета со борбени беспилотни летата, туку и поради тоа што паралелно ќе ја „краде“ технологијата која е важна за завршување на развојот на сличното домашно беспилотно летало „пегаз“ – изјави за „Блиц“, уредникот на порталот “Tango six” Петар Војиновиќ.

Русија: Србија купува „С-400“

Руското списание „Международнаја жизњ“, зад кое стои министерството за надворешни работи на оваа земја, објави текст во кој се наведува дека Србија би можела од Русија да го купи системот за противвоздушна одбрана „С-400“.

Според овој медиум, на Србија ѝ се потребни две батерии на „С-400“ за во потполност да го заштити сопственото небо. Доколку се одлучи на ваков чекор, Србија ќе треба да ѝ плати на Русија една милијарда евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот