Србија ќе ги заостри мерките бидејќи ситуацијата со граѓанската дисциплина е загрижувачка

Српската премиерка Ана Брнабиќ, по состанокот на Кризниот штаб изјави дека Владата ќе донесе дополнителни мерки, бидејќи ситуацијата со граѓанската дисциплина е загрижувачка, јави дописникот на МИА од Белград.

– На седница на Владата ќе ги заостриме мерките во врска со работењето на кафулињата и рестораните, односно бројот на луѓе кои се во нив, по квадратен метар по лице. Ќе ги затвориме сите шалтери во јавната администрација, на локално и републичко ниво, изјави премиерката, додавајќи дека сите документи, чиј рок истекнува – ќе продолжат да важат се до истекувањето на вонредната состојба.

Брнабиќ кажа дека утре ќе се разгледува одлуката дали на оние со над 65 години ќе им биде изречена целосна забрана за излегување од дома.

Таа истакна дека за оние кои ја нарушуваат мерката изолација, следува казна од 150.000 динари (1.275 евра).

Српската премиерка изјави и дека ќе биде забранет извозот на сите лекови од Србија .

– Владата ќе донесе заклучок со кој ќе се ограничи купувањето заштитни маски, не повеќе од 10, десет ракавици, две поголеми средства за дезинфекција, пет помали – нагласи Брнабиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот