Спортинг се жали за црвениот картон на Ристовски

EPA-EFE/DOMENECH CASTELLO

Екипата на Спортинг Лисабон поднесе жалба до Дисциплинската Комисија на Португалската Фудбалска Федерација за црвениот картон кој го доби Стефан Ристовски. Македонскиот репрезентативец заработи исклучување на натпреварот против Чавез, откако судијата преку ВАР технологијата одлучи да му даде црвен картон, иако на ТВ камерите се гледа дека токму Ристовски доаѓа прв до топката во дуелот со домашниот напаѓач.

Во редовите на Спортинг владее оптимизам дека одлуката ќе биде преиначена и Ристовски ќе можа да настапи на дербито со Бенфика во рамките на Купот на Португалија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот