Иран и даде ултиматум на Европа до септември за спас на нуклеарниот договор

/Фото: Скриншот

Иран денеска повтори дека за 60 дена завршува последната шанса што Европа ја има за спас на нуклеарниот договор од 2015 година.

Според иранскиот министер за надворешни работи, Абас Мусави, Техеран веќе нема да нуди „крајни рокови” за спас на договорот, пренесоа американските медиуми.

Мусави додаде дека Иран е се уште отворен за преговори со европските партнери и изрази надеж дека ќе преземе натамошни чекори за имплементација на претходно договорените детали.

Ирански официјални претставници претходните денови изјавија дека ќе преземат натамошни чекори за намалување на усогласеноста со договорот, по истекот на крајниот рок.

Иран веќе соопшти дека се наоѓа блиску до надминување на дозволената граница за производство на збогатен ураниум.

Според американските меидуми, Иран врши притисок врз европските партнери за изнаоѓање начин за заобиколкување на американските санкции и оставрување на ветената економска помош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот