Списанието „Современост“ бележи 70 години постоење

Списанието за литература, култура и уметност „Современост“ на 17 ноември, во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје, ќе ја одбележи 70-годишнината од своето постоење.

Јубилејот на списанието годинава се поклопува со 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески, кој и самиот во суштинска мера придонел за егзистенцијата и развојот на ова списание, а кому годинава му е посветен и тематски број.

На настанот ќе се промовираат скорешни изданија на списанието, за кои ќе зборува главниот и одговорен уредник, современиот македонски писател Стефан Марковски. Дел од редакцискиот тим на „Современост“ се и Снежана Стојчевска, извршна уредничка, Мишо Китаноски, уредник, Верица Мукоска, уредничка, и Никола Алтиев, уредник.

На настанот ќе биде врачена наградата „Современост“ на Славчо Ковилоски, книжевен историчар и научен истражувач во Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а ќе бидат доделени и благодарници на сите оние кои внесоа дел од својата книжевна работа во списанието и се верни поддржувачи и читатели на македонските книжевни списанија.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 105, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 13-14 ноември 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот