Спектакл на „Енфилд“, 10 гола и триумф на Ливерпул по пенал рулетот

twitter/liverpoolfcnews

Екипите на Ливерпул и Арсенал го одиграа најверојатно најдобриот натпревар во последните 10-тина години во Англија, постигнувајќи неверојатни 10 голови, а победникот беше решен по пенал серијата.
Ливерпул подобро го започна натпреварот и веќе во шестата минута дојде во водство со автоголот на Мустафи.

Одговорот на Арсенал беше три гола до крајот на полувремето, два даде Мартинели, а еден Тореира. Ливерпул намали преку Милнер, но во вториот дел Меитланд Нилсен му донесе предност на Арсенал од два гола. „Црвените“ кои постојано го бркаа резултатот, експресно возвратија со головите на Окслејд-Чемблен и Ориги.

До крајот на средбата и двете екипи продолжија во атрактивниот и офанзивен фудбал, во 70. минута Вилкок донесе ново водство за „топчиите“, но кога сите очекуваа натпреварот да заврши со овој резултат, Дивор Ориги постигна гол во 94 минута по што победникот мораше да биде одлучен во пенал рулетот.

Како подобри изведувачи на пенали се покажаа фудбалерите на Ливерпул, а клучниот момент беше во четвртата серија кога шутот на Дани Себаљос го одбрани голманот Келерер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот