Спасувачите ги лоцираа црните кутии на урнатиот индонезиски авион

Фото: Твитер

Индонезиските спасувачки екипи ги лоцираа црните кутии на авионот Боинг 737-500, кој се урна вчера непосредно по полетувањето од аеродромот во Џакарта со 62 патници и членови на екипажот.

Неколку воени бродови со спасувачки екипи го истражуваат местото на несреќата, на околу 20 километри од аеродромот во Џакарта, а властите најавија дека наскоро ќе ги извадат црните кутии од дното на морето, пренесува Би-Би-Си.

– Нуркачите ќе ги извадат црните кутии и се надевам дека наскоро ќе ги имаме, рече Серџанто Џаџоно, шеф на индонезискиот комитет за безбедност во сообраќајот.

Несреќата најпрво ја пријавиле рибари кои ловеле во водите на Јаванско море и кои вчера околу 14,30 часот најпрво ја слушнале експлозијата, а потоа виделе голема воден столб и бран како се движат кон нив.

Властите веднаш отворија два кризни центри, еден на аеродромот во Џакарта и еден во пристаништето, а претседателот на авиокомпанијата Сривиџаја изјави дека авионот, стар 26 години, бил технички исправен и дека летот доцнел поради лошите временски услови, а не поради проблеми со исправноста на леталото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот