Спасовски за предлогот на ДУИ за кандидат премиер: Доста е со национализми, уцени не се прифатливи

„Концептот Македонија – Едно општество за сите, нема алтернатива. Доста е со национализми и со делби. Никој не смее да уценува, рече техничкиот премиер и кандидат за пратеник Оливер Спасовски, носителот на листа во ИЕ 2, во дебата на телевизија Телма.

-Владата се прави врз основа на принципи и програми. Нема концепт за размена на пратеници, ова беше синтагма колку ВМРО-ДПМНЕ ќе загуби на изборите. Никој не може да забележи на СДСМ за еднаквиот третман кон сите. Треба да дојде квалитетот до израз и одлуката на граѓаните и врз основа на тоа ќе седнеме да разговараме за составот на новата Влада. Но за нас уцена не е прифатлива- рече Спасовски.

Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски, во дебатата на ТВ Телма ги објасни столбовите на новата Програма на СДСМ и нагласи дека концептот за нова развојна економија е поставен на реална осноова.

-Првиот столб на Програмата е да развиеме нова македонска економија, вториот да градиме здравствен систем којшто ќе биде посветен на потребите на граѓаните, потоа правда и правна држава, понатаму, земја – членка на НАТО значи можеме и во ЕУ и Македонија – еко држава, тоа се основните столбови. Сите проекти од Планот за живот ги реализиравме. Минималната плата од 8.600 денари ја покачивме на 14.500. Просечната плата од 22.300 денари, ја покачивме на 27.500 денари. Да ја вадите државата од режим, да ги консолидирате финансиски институциите и да работите за повисоки плати и пензии. Ова со КОВИД-от се ефектира на економијата, но се покажа дека малите економии имаат помали штети и дека можат најбрзо да се вратат во економска активност. Ако ние во првите 15 дена од јуни имаме приходи во Буџетот коишто се сголемени од 5 – 7 проценти во однос на јуни 2019, тоа покажува дека сме во добра економска кондиција. Се што е каѓано во Програмата се базира на реални можности. Затоа велидем дека во наредиот мандат ќе имаме поддршка за домашните претпријатија и странските инвестиции во висина од 300 милиони евра пари од Буџетот и 300 милиони од европските фондови. Со тоа ќе се поддржат многу од мерките. Една од тие мерки е зголемување на платата од секој работавач до 6.000 денари, државата ги покрива придонесите, тоа е една од одлуките на Владата. Одлуката за младинскиот додаток од 3.000 денари останува и понатаму- рече Спасовски.

Спасовски ги повикува граѓаните масовно да излезат на изборите на 15.јули, затоа што треба да се носат важни одлуки за државата- рече Спасовски во вечерашната дебата на ТВ Телма.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот