Спасовски: Набрзо група македонски државјани ќе добијат пријава за тероризам

Оливер Спасовски - министер за внатрешни работи / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во неделното интервју за Радио Слободна Европа вели дека набрзо, група на македонски државјани ќе добијат кривична пријава за тероризам поради лажните дојави за бомби во училиштата.

-За нас беше многу важно безбедноста на граѓаните, учениците на наставниот кадар да биде на највисоко можно ниво и во тој дел апсолутно не е променето ништо со протоколите, значи безбедноста мора да се сочува на едно високо ниво. Веќе поднесовме една кривична пријава против еден малолетник и практично навлегуваме во една група на лица коишто учествувале во праќањето на дојавите по електронски пат и токму користењето на ви пи ен адреси итн и сме во позиција за која за многу скоро време целата таа група ќе биде комплетно разоткриена, ќе бидат поднесени кривични пријави за делото тероризам. И ова како појава нас ни овозможи практично да направиме и промени во делот на протоколите за постапувањето, вели министерот Спасовски.

Тој додава дека кривичната пријава е за македонски државјани.

-Да, како што реков поднесовме кривична против едно лице малолетник, но се работи и на една друга група коишто меѓусебно се поврзани во однос на дојавите, објасни Спасовски.

Полицијата уште не може да соопшти детали за хакерскиот напад на Фондот за здравство, но имало напредок.

-Истраги се водат за сите овие институции во коишто имаше хибридни напади. Има сериозен напредок, се добиваат податоци и информации. Самиот факт дека треба овие податоци да ги обезбедиме преку меѓународна правна помош говори и за тоа дека треба да има подолго време од овој аспект, рече Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот