Спасовски – Ди Џовани: Остануваме отворени за соработка во полза на заедничката цел – заштитата на најмалите

Фото: mia.mk

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и државната секретарка Магдалена Несторовска денеска имаа средба со претставникот на УНИЦЕФ во Република Северна Македонија, Патриција Ди Џовани. На средбата, како што соопшти МВР, се разгледуваа досегашната и идната соработка меѓу Министерството и Канцеларијата на УНИЦЕФ во земјава.

Министерот Спасовски истакна дека покрај размената на информации и гледишта во делот на досегашната соработка, со своите најблиски соработници ќе се заложи за нејзино унапредување. Во таа насока беа разгледани неколку предлози меѓу кои и усогласувањето на законодавството со ЕУ и меѓународните стандарди, соработката во однос на заштитата од насилство преку интернет, сместувањето на децата странци, меѓуресорската соработка, како и работата на меѓусекторските тимови, особено во контекст на заложбите на Владата за постепено ставање на крај на насилството врз децата и нивна заштита.

– Од двете страни беше изразена отвореност за соработка преку различни форми, а особено преку проектот поддржан и од Европската унија за заштита на децата и реформите во правосудниот систем, во кој покрај МВР се инволвирани и повеќе други национални институции, вклучување на МВР во системот Мој термин на Министерството за здравство при случаи на насилство врз децата, дигитализација на работата на МВР. Спасовски и Ди Џовани остануваат отворени за соработка во полза на заедничката цел – заштитата на најмалите, наведува МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот