СП Египет: Скандинавско финале, нова драма со среќен крај за Данска

epa08973860 Denmark's Mikkel Hansen (R) in action against Spain?s Gedeon Guardiola (C) and Joan Canellas (L) during the semi final match between Spain and Denmark at the 27th Men's Handball World Championship in Cairo, Egypt, 29 January 2021. EPA-EFE/KHALED ELFIQI

Ракометната репрезентација на Данска е вториот финалист на Мундијалот во Египет откако во драматичен финиш ја совлада Шпанија со 35:33.

Данците кои се наоѓаат на чекор од одбрана на титулата, водеа во текот на целиот натпревар, Шпанија во последната минута дојде во позиција да израмни но шутот на Марчан заврши во пречката на голот на Ландин.


Данците предводени од Микел Хансен одлично го започнаа натпреварот, на стартот поведоа со 2:0, а најголемата предност во првиот дел изнесуваше пет гола (13:8) и тоа благодарение на играта седум на шест во нападот.

Во второто полувреме, шпанскиот селектор Жорди Рибера ги помеша картите и со бековската линија Македа, Сармиенто и Даниел Душебаев успеаја да се приближат на минус два и да ја вратат резултатската неизвесност. Данска се обиде во последните 10 минути да го зададе последниот удар, поведе со 33:29, но Шпанците најдоа начин да се вратат и во последната влегоа со сегатива од еден гол.

На 40-тина секунди до крајот Марчан при резултат 34:33 имаше зицер, шутираше од линијата за шест метри но топката наместо во голот удри во пречката и тоа значеше дека Данска во недела против Шведска ќе ја брани титулата.

Најдобар ракометар во редовите на Данска беше Микел Хансен со 12 гола, Магнус Саугструп даде седум, додека кај Шпанија најрасположени за игра беа Даниел Душебаец со седум, Адријан Фигерас со шест и Хорхе Македа со пет гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот