Совет на амбасадори: МНР најостро да го осуди инцидентот во Канбера

Советот на Амбасадори го смета насилството врз жените за најфлагрантно кршење на човековите права, и изразувајќи најостра осуда кон овој вид на насилство, ги поддржува активностите преземени во нашата земја во текот на 16 дена активизам во рамки на кампањата против родовото насилство на UN Women.

– Подигнување на свесноста и активирање на сите чинители во борбата против насилството врз жените е особено значајна во екот на пандемијата со Ковид-19, кога на глобално ниво е регистриран загрижувачки пораст на овој вид насилство (т.н. пандемија во сенка). За сериозноста на проблемот доволно зборува фактот дека во светски рамки една од три жени е жртва на психичко или физичко насилство, што претставува едно од најраспространетите и воедно најмалку препознаените прекршувања на човековите права, чие искоренување станува стратешка задача на секоја држава, се вели во соопштението на Советот на амбасадори.

Оттаму изразуваат згрозување и најостра осуда за инцидентот во македонската амбасада во Канбера, Австралија, кога член на семејство на вработен се заканил по живот на в.д. амбасадорката.

Советот на Амбасадори го повикува МНР да излезе со најостра реакција за настанот и да преземе соодветни дејствија за казнување на сторителот на насилството, препознавајќи ја важноста за заштита не само на жените, туку и на сите вработени во дипломатските претставништва, како и на достоинствотото на дипломатската професија и државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот